Во денешниот моден двобој се соочија две прекрасни ѕвезди и една црвена страст.
Битката се води меѓу топ моделот Ирина Шајк и пејачката Рита Ора, а причината што ги поврза на едно место е црвениот фустан, дело на модната куќа Versace.
Прва во овој фустан се појави Ирина, и тоа, по повод вечерен настан организиран од Vogue, во рамките на Неделата на модата во Париз. Тогаш убавицата ја искомбинира дизајнерската облека со црвени кадифени потпетици, а косата и беше стилизирана во фризура со патец во средината.
Рита пак се појави со облеката само два дена подоцна на првата аудиција за новиот X Factor. Таа сепак за разлика од Ирина го искомбинира фустанот со долги црвени чизми.
Што мислите, на која и прилега повеќе?