Многумина не би се осудиле на ова, но таа облече ист фустан од пред 10 години.
Актерката Лиса Рина се појави на забава после доделувањето на престижните награди „Златен глобус“, но вистинските обожаватели веднаш забележаа еден детал. Имено, славната 51-годишна дива, го носеше истиот фустан пред 10 години на една добротворна забава.
Многумина заклучија дека актерката изгледа како да не остарела ни ден. Причината за тоа е веројатно ботоксот, за кој Лиса неодамна призна дека го користи.
Сепак, пред две години таа призна дека ги извадила силиконите од устата, бидејќи и станале претешки, но исто така додаде дека не и е жал ниту за една операција.
„Мислам дека секој треба да го направи она што го смета за правилно и што ќе му помогне да се чувствува подобро“, вели Рина.