Манекенките се прошетаа во две парчиња долна облека, од кои конкретно градниците вредат по два милиони долари.
Црвениот и син градник се украсени со дијаманти и други апликации, а цената изнесува два милиони долари по парче.
Конечно се собраа сите најголеми убавици на едно место, за гламурозното шоу на Victoria’s Secret во Лондон.
Овогодинешното шоу го отвори Бехати Принслоу облечена во злато од глава до пети, а по неа прошета Карли Клос носејќи крила од 18-каратно злато. Овие крила се најскапото парче кое брендот Викторијас Сикрет некогаш го промовирал.
Уживајте во фотографиите и најновите вести од светот на гламурот.