Оваа година може да биде последна за Алесандра Амбросио и Адријана Лима во „Викторија Сикрет“.
Доказ за тоа е што на предстојната ревија, Викторија Сикрет подготвува специјални парчиња за овие две манекенки.
Лима и Амбросио ќе носат “Fantasy Bras” и така ќе се збогуваат со долгогодишната работа за овој бренд. Оваа година и двете полнат 33 години.
Адријана Лима стана анѓел во 2000 година, додека Амбросио 4 години подоцна.