И покрај тоа што отсекогаш била позната по совршениот задник, Џенифер Лопез „крунисана“ е со нова титула.
Во анкетата во коај учествувале само жени, атрактивната пејачка ја освоила титулата „Најубавите нозе во Холивуд“.
Џенифер Лопез со леснотија го привлекува вниманието и секое нејзино појавување без разлика дали е на концерт, филм или на црвениот тепих, воодушевува. Иако нејзината кариера е основана на музиката, атрактивната Латина се втурна и во холивудските кругови и е крунисана со титулата најубави нозе во Холивуд.
Всушност, во анкетата спроведена од еден американски протал, жените требале да изберат холивудска убавица која може да се пофали со совршени нозе.
На убедливо прво место се нашла токму Џеј Ло, за кои, освен настапите на кои нејзинот тело е во прв план, заслужни се и креациите кои ги бира за црвениот тепих, кои ги истакнуваат нејзините танцувачки бедра и листови украсени со елегантни потпетици.