Викторија Бекам отвори бутик во Лондон (фото + видео)

Модната дизајнерка Викторија Бекам ја отвори својата прва продавница за облека на луксузната улица “Мејфер” во Лондон.

Убавата бринета, која има четири деца со сопругот Дејвид Бекам, го најмила архитектот Фаршид Мусави да го дизајнира просторот што  Викторија го нарекува свој „втор дом” . Условот на г-ѓа Бекам било продавницата да изгледа топло и пријателски.

07

 

10 11

„Сакам сите да бидат добредојдени, без разлика дали сакаат да купат нешто или не. Сакам луѓето да го почувствуваат мојот стил во минутата во која ќе влезат низ вратата”, сподели дизајнерката.

06 04 03

„За прв пат со овој магацин ги покажувам моите проекти и мојата визија. Покажувам како ја чувствувам облеката и како сметам дека треба да бидат презентирана на клиентите. Возбудливо е, бидејќи ќе им го предлагам на жените, она што јас верувам дека сакаат да поседуваат. Мислам дека е важно клиентките да можат да го купат токму она што го гледаат на модна писта и во модните магазини “, објасни Бекам.

03 02

- Реклама -