Втора колекција обувки на Сара Џесика Паркер

Првата колекција обувки на Сара Џесика Паркер едвај излезе на пазарот, а актерката веќе подготвува втора.

Компанијата “Nordstrom” објави дека одлучила да продолжи со соработката со американската ѕвезда. Втората збирка ќе ги воодушеви обожавателите на Паркер во септември. Таа ќе биде проследена и со неколку модели на чанти.

Првата линија импресионира со оригиналност и личен печат, па затоа очекувањата за втората колекција се прилично високи.

Различно ќе биде тоа што обувките нема да бидат во толку светли бои. Нијанси ќе бидат неутрални, а само неколку модели ќе ги собираат погледите со колор принт, омилената на актерката виолетова и актуелната корална.

 

На инсистирање на Паркер ќе биде застапена и црната, сивата и кафеавата палета. Чевлите од новата колекција ќе чинат помеѓу 285 и 695 долари. Чантите ќе можете да ги купите за помалку од 500 долари.

Два модели ќе бидат посветени на стилистката на „Сексот и градот” Патриша Филд и на фризерот на Сара од 24 години Серж Норман.

- Реклама -