Не се сеќаваме кога Џесика Алба била фатена со несоодветна модна визија. Убавицата секогаш изгледа беспрекорно како на црвениот килим, така и во секојдневниот живот. Како елоквентен доказ за нашето тврдење се појавуваат двата стрит стилови, каде што актерката чекори по улиците на Њујорк.
Визија 1
Првиот секојдневен изглед, кој што Џесика Алба го покажува е вешта комбинација на принт и светла боја. Шармантната ѕвезда изгледа блескаво во асиметричното здолниште со боја на мандарина – колекцијата за 2014 на Osman и кратка блузичка со црни цветови, од есенската колекција за 2014 на Houghton. Додатоците кои ја дополнуваат облека на актерката, беа спектакуларни црни сандали и торба со црно-бел принт, дело на Christian Louboutin.
Визија 2
Држејќи ја истата торба во раката, Џесика демонстрира уште посекојдневна визија, препознатлива со волшебн стил и класа. Во вториот избор за денеска Алба носи бели панталони со висока половината од Max Mara и убава кошула од Alice + Olivia ‘Richley.