Има 79 години, а велат дека е најубава на светот

Во 2006 година Софија Лорен беше прогласена за најубава жена на светот без пластични операции.Тогаш таа имаше  71, а една година подоцна се фотографираше  гола за календар на “Пиреа”. Сега легендарната италијанска актерка има  79 години и изгледа барем за  20 години помлада. Таа тврди дека никогаш не ги применувала услугите на пластичната хирургија.

„Пластична хирургија прави сите луѓе да изгледаат исти”, сподели во интервју убавицата. Софија се појави во целиот свој сјај во Неапол, Италија на претставувањето на новиот филм “Human Voice”, во режија на нејзиниот син Едоардо Понте.

Ова е прв актерски ангажман на Софија Лорен за последните три години, од последното учество во  комедијата “Too Much Romance … It’s Time For Stuffed Peppers”. Ова е втора нејзина креативна соработката со нејзиниот син.  Потсетуваме  дека првиот филм кој го направија  заедно, беше  токму режисерското деби на Едоардо Понте „Between Strangers”.

На прес конференцијата Софија успеа да освои сите присутни со својата убавина и смисла за хумор. Таа беше облечена во црвен  костим  и нежна шамија во животински принт за акцент.

Нејзините очи беа подвлечени со  очна линија, а  златниот накит ја  комплементара културно нејзината визија.

 

- Реклама -