Две ѕвезди еден фустан: На која и стои подобро?

Најголем УПС за ѕвездите е кога ќе се најдат во магазините како исто облечени со некоја нивна колешка.

Овој пат во нашиот моден двобој ги имаме Брандо и Ники Минаж, од музичкиот шоу бизнис.

Станува збор за тоалета која што е дел од овогодинешната пролетно-летна колекција на модната куќа Alexander McQueen.

Суптилната облека (како и целата модна линија) вешто е искомбинирана  во еден стилски, елегантен изглед и секси – дрско емитување. Почетокот на март месец пејачката Брандо Норууд се појави на 45-то издание на наградите NAACP, облечена во фасцинантниот  фустан со cut-out детали.

На 18-ти мај  се одржа церемонијата на доделување на годишните награди на магазинот Billboard, а на настанот заблеска Ники Минаж, но во истиот фустан.

На која и стои подобро?

- Реклама -