Инспирирана од слободата, движењето, летот… модната креаторка Олгица Ѓоргиева во своето ателје забрзано ја подготвува новата модна линија која официјално ќе ја претстави на претстојната Модна недела во Скопје.
Колекцијата која го носи името “Liberation” остава впечаток дека овие модни парчиња ќе бидат вистинско и прекрасно модно освежување на македонската сцена.
Парчињата кои пред се ќе бидат наменети за современи, модерни и урбани дами, даваат чувство дека во ателјето на Ѓоргиева се создава една неверојатна зрела колекција која со гаранција ќе остави голем впечаток на модната недела.
Креаторката открива дека за подготовка на колекцијата користи стилизирани и дезенирани материјали, свила, чипка и жоржет.
Останува да ја дочекамe колекцијата и уживаме во ревијата на Олгица Ѓорѓиева на 23 октомври.