Тејлор Свифт доживеа непријатна ситуација на доделувањето на MTV VMA наградите, поради што сега се смее целиот интернет.
Популарната пејачка со микрофонот во рака на церемонијата го најави својот нов спот за песната „Wildest Dreams”, опкружена од своите пријателки, а кога во еден момент се свитка се слушна необичен звук.
Некои од девојките кои во тој момент се гледаа во кадарот не реагираа, но и гледачите го забележаа овој момент, па веднаш на социјалните мрежи почнаа шпекулации дали пејачката „пушти гас“, или тоа беше некој друг сличен звук.
Сепак, потпаролот на MTV ги разреѓи сите сомнежи.
– MTV потврдува дека звукот кој се слушна додека Тејлор Свифт го претставуваше својот нов спот, беше предизвикан од изолираниот микрофон на продукцијата. Не постојат апсолутно никакви шанси тој звук да беше направен до Тејлор ниту било кој друг од нејзината околина, бидејќи микрофоните не пренесуваат амбиентални звуци- објаснуваат од продукцијата.
Слушнете и пресудете самите: