Актерката Џесика Алба е коосновач на Honest компанијата, која меѓу останатото, произведува и креми за сончање. Корисниците, благо кажано, не се задоволни од производот.
Оваа компанија произведува „органски и безбедни козметички произвподи“, за деца и возрасни. Вредноста на компанијата лани се проценуваше на милијарда долари, а сега на Интернет се најде на мета на критики, бидејќи бесните родители коментираат дека кремата за деца со заштитен фактор SPF 30 не дејствува.
Покрај негативните коментари за производот, луѓето објавуваат и фотографии на кои се гледаат изгореници од сонце, кои, како што тврдат ги „заработиле“ после само еден час поминат надвор.
„ Не ги купувајте Honest кремите за сончање, ако сакате да изгледате вака. Ова е веќе втор пат да се обидам со истата крема и да завршам испечена“, напиша една корисничка.
Покрај тоа што не штити, наводно, оние кои ја пробале кремата велат и дека од неа остануваат бели флеки на кожата.
Од компанијата во своја одбрана велат дека „кремата е тестирана, а резултатите покажале дека е ефикасна и безбедна за употреба, како и дека е водоотпорна, но треба да се нанесува на секои 80 минути. Бројот на жалби кои што ги примивме е помал од еден процент, за разлика од вкупниот број задоволни корисници на кремата“, велат од компанијата.
Имало и побарувачи кои ја бранеле компанијата, тврдејќи дека немале никакви проблеми, при користењето на кремата за сончање.