Многу музички и филмски ѕвезди пред да станат познати во шоу бизнисот работеле во стриптиз барови.
Електронското издание “Дејли Бисти” открива кои се најпознати меѓу нив.
Шармантниот Чанинг Тејтум, на пример, не само што стана познат по филмовите “Професија стриптизер”, туку и бил дел од овој бизнис.
За тоа дека еден ден може да се врати на својата професија на стриптизер: “Никогаш нема да кажам никогаш. Имаме понуда со момчињата да направиме шоу во Вегас. Не би имал ништо против. Но, знаете, секој пат кога излегувам по гаќи на сцената, се прашувам зошто го правам тоа. Не е многу пријатно да си по гаќи пред илјадници луѓе. ”