„Таа конечно го најде мирот во рацете на Господ“ – Боби Кристина почина по шест месеци во кома

Боби Кристина Браун, единствената ќерка на починатата пејачка Витни Хјустон и Боби Браун, почина во неделата на 22 години, шест месеци по несреќата во својот дом во Атланта во која се здоби со трајно оштетување на мозокот, по кое беше во кома, кажаа членовите на нејзиното семејство, пренесува Entertainment Tonight.

Tragic: Bobbi Kristina Brown (pictured) has died - six months after she was  found unconscious in a bathtub

„Конечно е во мир во Божји раце“, изјави семејството. „Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите на великодушната љубов и поддршката за време на овие месеци“.

Distraught: A tearful Bobby Brown (left) is driven away from the hospice following his daughter's passing

Боби Кристина почина три години по нејзината мајка Витни Хјустон, добитничка на Греми, која се бореше со зависноста од дрога и, исто така, падна во када во хотек во Беверли Хилс.

Screenshot_6

Хјустон почина на 48 години, а лекарите велат дека смртта била последица на злоупотреба на кокаин и срцеви заболувања.

Screenshot_4 Screenshot_5

Таа почна да настапува заедно со својата мајка на шест-годишна возраст, пеејќи ги песните во дует „y Love is Your Love”, а во 2003 година снимија уште еден дует „Little Drummer Boy” за божиќниот албум.
Хјустон и Боби Браун се пореа со зависноста од дрога и се разведоа кога нивната ќерка имаше 14 години.

Houston and Bobbi Kristina are pictured together in 2002

Screenshot_3 Screenshot_2

Боби Кристина Браун, по смртта на својата мајка, беше два пати примена во болница поради душевно растројство. На официјалната Фејсбук страна на Витни Хјустон е објавена трогателна фотографија од славната пејачка со својата единствена ќерка.

Greatest achievement: Bobbi Kristina is seen with Whitney Houston in a photo released as part of the Facebook post. The superstar once said that her greatest achievement in life was having her daughter

- Реклама -