За време на гостувањето во ток шоуто на Џими Кимел, актерката Шарлиз Терон се присети дека во еден момент го поканила американскиот претседател Барак Обама во стриптиз клуб.
Терон изјави дека била многу нервозна кога го запознала претседателот пред неколку години во истото шоу, кога му упатила непристоен предлог.
„ Ми се случува кога имам трема, на крајот да кажам нешто неучтиво. Како да не знам да се сопрам. Нешто како „вербална дијареа“, вели Терон.
Нејзиниот коментар се однесувал на претходно гостување во емисијата на Кимел, кога Обама изјавил дека му е драго што со учеството во емисијата може да се „освои“ нови гласачи од други демографски групи“.
„После тоа направи подолга пауза и јас не знаев веќе што да кажам. Единственото што ми падна на памет беше „ Па ако барате гласачи на нови места, може да ве одведам во стриптиз клуб“, откри Терон пред да се насмее и да ги покрие лицете со рацете.
Таа додаде дека со недели после тоа не можела да спие од срам: „ Ги затворив очите и помислив. „О господе, што кажав?“
Кимел и упати аплауз за храброста и предложи дека сите идни претседатели да го направат тоа.
„ Да му го предложеше тоа на Клинтон, веројатно се уште би биле во тој стриптиз клуб“, се нашали водителот.