Се омажи Џенифер Анистон

Холивудската актерка Џенифер Анистон во голема тајност се омажи за својот долгогодишен дечко и колега Џастин Теру.
Џенифер Анистон и Џастин Теру склопиле граѓански брак во строга тајност.

Венчавката се случила на почетокот на летото во дворот на нивната вила на Бел Еру, а парот се заколнал на вечна љубов во друштво на најбликите пријатели, роднини и колеги.

Меѓу светски познатите ѕвезди биле и Кортни Кокс, Мелиса Мекарти, Селена Гомез, Челзи Хендлер и Ед Ширан.

Останува да ги почекаме првите фотографии од настанот.

- Реклама -