„Без оглед на сè, секогаш ќе бидам твој татко и тоа никогаш нема да се промени“.
Иако тие успешно се одвојуваат во стилот на уличната мода, Кендал и Кајли Џенер немаа никаков проблем да изгледаат како близначки во неделата, носејќи идентични костуми за капење за време на дневното уживање покрај базенот.
По повод на вчерашниот Ден на таткото Кендал, Кајли и Клои преку социјалните мрежи му се заблагодарија на својот татко Кејтлин Џенер, некогаш познат како олимпиецот Брус Џенер.
„Целиот живот оваа душа беше мојот татко. Тоа што сега изгледаш поинаку не значи дека си помалку мој татко. Среќен Ден на таткото, човекот кој ме израсна и научи на сè што знам, мојот херој“, напишала Кендал.
Кајли ја цитирала реченицата, на која на татко ѝ одговори: „Среќен Ден на таткото сонце мое. Кајли ти и понатаму можеш да ме викаш татко. Без оглед на сè, секогаш ќе бидам твој татко и тоа никогаш нема да се промени“.