Актерката Софија Вергара и актерот Џо Манганело на големо се подготвуваат за венчавката која поради бројните обврски мораа да ја поместат за летово, но затоа, пак, вчера ја прославија својата прва годишнина.
Софија Вергара е една од најзгодините лица на екраните, а воедно и најплатената ТВ актерка во моментов. Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија со нејзиниот свршеник под која што опиша колку е заљубена.
„ Среќна 1 годишнина љубов моја. Никогаш не сум била толку среќна“.
Иако наскоро ќе се најдат пред олтарот, популарниот пар не сака да ја открие локацијата на големата венчавка.
„Венчавката ќе се случи наскоро. Ќе биде на далечно, тајно место каде што никој нема да може да не пронајде“, заклучи актерката.