Селма Хајек и тајната за нејзината беспрекорна фигура

Латиноамериканската актерка Салма Хајек откри дека нејзината тајна за убава фигура е јогата.

Хајек, која веќе има 48 години, вели дека од работните обврски не и останува време да се оддаде на физички активности, а вистината е дека поради тоа никогаш не создала навика да спортува.

„Некои луѓе имаат дисциплина да вежбаат секое утро, а јас не успеав да ја изградам оваа навика. Многу често работам по 20 часа на ден”, вели ѕвездата пред списанието “Пипл”.

Таа тврди дека единствениот начин на кој го одржува тело е така шт0 практикува  јога.

salma_hayek_yoga_does_a_body_good_ggPVZjv_sized(3)

 

„Работев со една жена во Лондон, која ме научи како да ги разработувам мускулите на своето тело, за да бидат активни во текот на целиот ден. Така дури и кога ќе миеш заби, ти спортуваш”, вели актерката.

Актерката признава уште дека за неа секогаш е многу тешко да се воздржи и да не касне од својата омилена храна.

„Ако јадам нешто солено, потоа имам потреба од нешто слатко и обратно – кога јадам слатко потоа сакам нешто солено”, додава таа за весникот.

 

- Реклама -