Ќерката на Синди Крафорд ја копира Миранда Кер

Ѕвездените деца  пораснаа, па во последно време пред се на социјалните мрежи, стануваат популарни поради славата која ја стекнале нивните родители.

Ќерката на Деми Мур – Румер Вилис и ќерката на Џони Деп и Ванеса – Лили Роуз, се само две од најистакнатите наследнички на ѕвездите, а меѓу нив се повеќе се популаризира и ќерката на манекенката Синди Крафорд – Каиа.

s1

 

Самата Синди Крафорд објави фотографија на 13-годишната ќерка Каиа Гербер, под која што напиша:

„Нашата инспирација беше Миранда Кер”.

s2

На сликата девојчето позира слично како Миранда – со цвет и кармин во слична нијанса.

Каиа е впечатлива и многу личи на Синди Крафорд, со своето нежно емитување и правилни црти на лицето, па модните критичари и предвидуваат ѕвездена кариера, по стапките на нејзината мајка.

s3

 

- Реклама -