Најубавата жена на светот: „Овулирам од самиот поглед на нивните тела!“

Оскаровката во популарното шоу на Елен Диџенерес уште еднаш покажа дека има одлична смисла за хумор.

Елен со славната актерка сакаше да ко коментира второто продолжение на филмот „Magic Mike“ кој во кината доаѓа ова лето и во кој има многу набилдани, секси мажи.

Screenshot_5

На самото спомнување на филмот, 50-годишната актерка веднаш се насмеа и ја откри својата голема љубов кон фраерите од филмот, меѓу кои се и Чанинг Татум и Џо Манганело.

Screenshot_6

„Ох, смешно е тоа, го гледам трејлерот и изгледа дека момците токму на мене ми намигнуваат… и потоа овулирам!“, се пошегувала актерката и заработи аплауз од публиката.

Како што вели, и самата се изненадила на својата „слабост“ кон секси момците.

„Чудно е тоа! За мене мислев дека сум силна жена, работам, имам дете, ох, и потоа ова се случува самото по себе“, објаснува актерката која магазинот „People“ ја прогласи за најубава жена на светот за 2015 година.

- Реклама -