Дека сè се може кога се сака, ни покажа и пејачката Ана Штајдохар која се фотографирала во теретана со десетмесечната ќерка Ниа.
Позната како некој кој многу се грижи за својот изглед, Ана Штајдохар ни раѓањето на ќерката не ја спречило во намерата да остане во топ форма.
Нејзините следбеници на социјалните мрежи ги разнежни оваа фотогрфија која пејачката ја објавила од теретаната и на која се гледа како таа напорно вежба додека малата Ниа лежи на подот, под неа.
Нежниот поглед кој го разменуваат мајката и ќерката и напорниот тренинг кој го прави Ана во меѓувреме, ги остави сите со насмевка.