Трагедија: Се самоуби момчето од серијата „Сите го сакаат Рејмонд“

„Целосно сме скршени затоа што нашиот сакан брат, син и пријател си го одзема сопствениот живот“, изјави сестрата на младиот актер.

Соер Свитен, едно од момчињата кое што глумеше во серијата „Сите го сакаат Рејмонд“, причини самоубиство.

sviten-sojer-samoubistvo-svi-vole-rejmonda-foto-profimedia-1429859573-647081

Трагичната вест ја потврди за медиумите неговата сестра. Актерот (19), наводно се самоубил во Тексас, додека бил во посета на неговото семејство.

Сите оние кои ја гледаа серијата, го познаваат Соер како Џофри Баронеа, слатко момче, еден од близнаците на Реј Ромено и неговата сопруга Дебра.

sviten-sojer-samoubistvo-svi-vole-rejmonda-foto-profimedia-1429859617-647079

Во сесријата глумеше од 1996 до 2005 година. Својот 20 роденден требаше да го прослави за неколку седмици.

- Реклама -