Нова сезона, нови изненадувања!
Хм, може ли и понатаму да ве изненадува голата реална ѕвезда?
„Keeping Up With Kardashians“ и понатаму е една од најгледаните рални емисии во светот, а новиот трејлер најавува прилично возбудливи епизоди. Освен драмата која е веќе секојдневница на славното семејство, тука е и 34-годишната Ким која повторно се слоблече пред камерите.
„Ако мислам повторно да забременам, моето тело повторно ќе се трансформира, затоа го правам ова сликање“, објаснила славната мајка и сопруга на раперот Канје Вест.
Во новиот официјален трејлер се појавуваат и Брус Џенер кој се бори со идентитетот, кавгите на сестрите и животот во големото семејство Кардашијан-Џенер- погледнете како изгледа нивната секојдневница.