Докторите се плашат дека ништо повеќе не можат да направат за ќерката на Витни Хјустон…
Боби Кристина Браун, ќерката на Боби Браун и покојната музичка дива Витни Хјустон, веќе пет дена лежи во болница во Росвел, во која била примена во речиси безживотна состојба откога била пронајдена во када со вода.
Нејзината состојба и понатаму останува непроменета, а докторите се плашат дека повеќе не можат ништо да направат за да ја спасат. Медицинските предвидувања се лоши па членовите на семејството полека почнуваат да доаѓаат и да се опростат со 21-годишната девојка.
„Сите доаѓат во болницата за да се збогуваат со неа“, рекол извор за магазинот People. Нејзиниот татко, Боби Браун, е целосно скршен и не престанува да плаче.
„Ако ја видите, би помислиле дека спие“, рекол извор. Докторите денес одлучиле да ја тргнат од апаратите.