Дејвид Швимер се прославу со улогата на Рос во серијата „Пријатели“, а сега ќе се придружи на семејството Кардашијан.
Дејвид добил покана да биде дел од новата серија „American crime“ која ќе обработува проблеми од расна, класна и политичка конотација и ќе прикажува некои од нејпознатите убиства и судења. Една епизода, наречена „American Crime Story: The People v. O.J. Simpson“, основана по книгата на Џефри Тубин „The Run of His Life: The People v. O.J. Simpson“.
Оваа епизода ќе биде посветена на случајот на познатиот спортист О.Џ. Симпсон, а Девид наводно ќе го глуми неговиот адвокат, Роберт Кардашијан.
Потсетуваме, пред дваесет години е убиена 35-годишната Никол Браун Симпсон, поранешна сопруга на познатиот спортист О.Џ. Сипмсон. Освен неа, убиен е и 25-годишниот келнер Роналд Голдман, нејзиниот тогашен дечко. И двајцата се убиени во нејзината куќа, а за убиствата е обвинет О.Џ. Симпсон, американска фудбалска ѕвезда, поранешниот сопруг на Никол.
Никол била убиена од повеќе прободни рани во главата и вратот, при што на рацете се здобила со одбранбени рани. Роберт Кардашијан, еден од адвокатите на О.Џ. Симпсон, бил во куќата во која се убиени Рон и Никол Браун Симпсон.