Супермоделот Наоми Кембел излгеда неверојатно секси во новата кампања „Agent Provocateur“ за пролет/лето 2015.
Кампањата „#WantedBadly“ (страшно те посакувам) совршено се вклопува со секси фотографиите на манекенката. Наоми покажа дека и во 40-тите години излгеда неверојатно. Таа жена како да не старее.
Фотографот Елен фон Унверт е одговорна за атмосферата на снимањето.
Провокативно наместена, манекенката гордо позира во црн свилен сет, полупроѕирен, па во софистицирана црвена, чипкаст фустан и во тропско зелена долна облека, сите во светли чорапи. И да, да не заборавиме, на рацете има златни лисици.
„Убаво е да се биде заштитно лице за „Agent Provocateur“ кампањата, особено што сум во 40-тите години!“, изјавила Наоми и додала: „Оваа кампања докажува дека убавата долна облека е за жени од сите возрасти.“