Минатиот декември Бијонсе ги изненади своите фанови со нов албум, без никој да се сомнева.
Оваа година, непосредно пред празниците, Би одлучи да издаде две нови песни, неколку ремикси и соработката со Ники Минаж, Кание Вест и Фарел Вилијамс. Двете нови парчиња на пејачката се викаат Ring Off и 7/11.
Како што можеме да очекуваме од Бијонсе, тие се многу различни една од друга. Спротивно на многу претпоставки, првата не го одбележува крајот на бракот на Би и Џеј-Зи, туку е посветена на нејзината мајка. Во 2009 година, родителите на пејачката се разведоа по брак кој траеше цели 29 години. Причина за нивната разделба стана фактот дека Метју Ноулс има вонбрачна ќерка .
Малку подоцна Бијонсе го отпушти својот татко како свој менаџер и во моментов одржува многу блиски односи со мајка си Тина. Ring Off всушност ја обележува новата самостојност на Тина Ноулс и содржи упатување кон друг хит на Бијонсе – “Love on top”. Во новото парче пејачката ја предизвикува мајка си да се стави себе и својата среќа на прво место.
Второто ново парче на Бијонсе го носи името 7/11. Насловот на песната предизвика стотици претпоставки, а ние решивме да почекаме самата пејачка да сподели со своите фанови, зошто одлучила да му го даде тоа име. Песната е динамична, забавна и во неа Би дели “I’m fresher than you, fresher than you”, во кое не се сомневаме и … уште повеќе интересен сепак е клипот кое докажува дека можеш да направиш и неверојатен нискобуџетен клип. Во него ѕвездата демонстрира десетици забавни движења, на кои сигурно ќе и позавидат Џеј Ло, Ким Кардашијан и многу други девојки со облини … Видеото можете да видите тука, а подолу во статијата ги избравме за вас најглупавите и откачени движења од него. Ако барате забава, дефинитивно може да научите некои од чекорите: