Анџелина Џоли одржа емотивен говор по премиерата на својот нов филм „Unbroken” во Сиднеј.Актерката го нарече својот сопруг Бред Пит „голем човек”, откривајќи дека двајцата со него си пишувале писма, додека таа го снимала филмот во Австралија минатата година , а во тоа време тој работел на филмот “Бес” во Велика Британија.
Ѕвездата изјави дека сега се чувствува поблиска со Бред повеќе од било кога, а причина за ова е фактот што двајцата конечно се венчаа ова лето на интимна церемонија во Франција. На прес-конференцијата на својат филм, 39-годишната Џоли рече: „Овој старомоден начин на комуникација во стилот на 40-тите многу не зближи со Бред.”
Таа додаде: „Филмот говори за човечкиот дух, а мојот сопруг ми помогна со мојот втор режисерски проект, а со тоа ми покажа што претставува еден голем маж. Научив страшно многу за големите луѓе, токму гледајќи го Бред – начинот на кој тој се однесува кон мене, она на што ги учи нашите деца, неговите вредности, изборите во животот, што ги прави … ”
Енџи продолжи: „Мислам дека сега ги разбирам мажите многу повеќе отколку порано. Веќе знам што е она што го почитувам кај мажите, заклучува таа.