ШОК НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ: Кевин Костнер непристоен со ќерката Лили

На премиерата на драмата „Black and White” во Рим, оскаровецот Кевин Костнер бил во придружба на својата 28-годишна ќерка Лили.

Додека шетале по црвениот тепих, познатиот актер и неговата миленичка се држеле за раце, а блицевите од фотоапаратите не престанале да светат кога во еден момент таткото и ќерката се бакнале во уста, пишува večernji.hr.

Русокосата Лили, која исто така е актерка, е една од трите деца кои Костнер ги има со поранешната сопруга Синди Костнер и второ од вкупно седумте деца на 59-годишниот двоен добитник на Оскар.

- Реклама -