Нил Патрик Харис ќе биде домаќин на Оскарите

Американската филмска академија сака да го привлече вниманието на повеќе млади гледачи на телевизискиот пренос на 87-то доделување на Оскарите, и токму поради тоа го одбраа него.

Актерот Нил Патрик Харис, на младите гледачи попознат како Барни во ситком серијата „Како ја запознав мајка ви“, ќе биде водител на следното доделување на Оскари, објавиле организаторите во средата.

41-годишниот Харис, до сега беше водител на доделувањето на Еми наградите, а самиот тој има освоено три Еми за водење на театарските награди Tony Awards.

Screenshot_3
Во соблекувална по настапот во претсава на Бродвеј.

Церемонијата ќе се оддржи на 22-еи февруари 2015 година, а во живо од Лос Анџелес ќе се пренесува во повеќе од 200 земји ширум светот.

„Пораснав гледајќи ги Оскарите и им се восхитував на водителите на шоуто“, рекол Харис во соопштението. „Ќе продолжам по стапките на Џони Карсон, Били Кристал, Елен Дегенерис и останатите кои ја имаа таа чест, а тоа за мене е остварување на најубавиот сон“, додал тој.

 

- Реклама -