Познатата актерка има интересен критериум при избор на партнер.
Познатата актерка Џенифер Лоренс открила кој е клучниот критериум при изборот за партнер. 24-годишната оскаровка открила дека е голем обожавател на телевизиските реални емисии и дека многу ѝ е важно нејзиниот дечко да сака да ги гледа тие емисии. Се чини дека актерот Николас Хоулт не бил баш голем обоѓавател на истите, бидејќи двојката раскина по четири годишна нестабилна врска.
„Претпочитам да бидам со некој кој има еднаков вкус за реални емисии како и јас“, рекла актерката за магазинот Vanity Fair.
„Она што сакам да го кажам е дена во врската единствено што сакам е некој со кој ќе можам да гледам телевизија“, рекла Лоренс и објаснила дека седењето пред телевизорот и не правењето ништо со своето момче има поголемо значење за ена од било што друго. Освен гледање на реални емисии, актерката исто така сака нејзиниот дечко да не се срами да „пушти ветер“ пред неа, но и да може и да сака добро да јаде.
„Зарем не е досадата многу подобра од страста“, прашала актерката, која од неодамна медиумите ја поврзуваат со фронтменот на Coldplay, Крис Мартин.
Прашањето сега е дали Крис сака реални емисии?