Хакерскиот скандал кој неодамна го погоди светот на славните и понатаму останува центар на вниманието.
Џенифер Лоренс конечно прозборува за магазинот „Vanity Fair“ за аферата „Celebgate“ во која се објавени голем број украдени, објавени и голи фотографии од познатите личности.
„Тоа не беше скандал, тоа е сексуален криминал. Тоа е сексуално злоупотребување и одвратно е“, рекла младата актерка.
„Само затоа што сум јавна личност и актерка не значи дека го барав сето ова. Тоа е моето тело и тоа треба да биде мој избор. Не можам да верувам дека живеам во таков свет“, додава таа.
„Кој и да ги погледнал тие слики треба да се засрами. Дури и луѓето кои ги сакам и кои ми се драги- никој немаше дозвола да ме види гола“, објаснува Лоренс.
Рекла дека претходно не се изјаснила за ова во медиумите, затоа што секој пат кога се обидувала премногу се налутувала или се растажувала.
„Најлошо ми беше да му се јавам на татко ми и да му кажам што се случило. Сите пари што ги добив од „The Hunger Games“ тоа не може да го надомести“, признала таа.
ФБИ и понатаму истражува кој стои зад сето ова, но нови жртви има секој ден се повеќе и повеќе.