Лејди Гага плаче од среќа дека е Гага

 Лејди Гага цел ден  плачела, бидејќи не можела да поверува каков огромен успех и се случува.

„Денес многу плачев и долго, но тоа беа солзи од среќа. Едноставно не можам да поверувам што ми се случува. Дека можам да купувам убави нешта, да патувам – тоа е навистина неверојатно”, напиша Гага на „Твитер”.

„Немам зборови да им ја изразам својата благодарност на моите фанови. Вие го променивте мојот живот.Се надевам дека преку мојата музика и преку убавината на уметноста успевам да го споделам со вас она со кое што сум благословена “.

- Реклама -