Тортата, венчаницата, храната која се служела по церемонијата, музиката… тоа се деталите кои не сте ги знаеле за „свадбата на годината“ во Холивуд.
Интимната свадба за само 20-тина пријатели и членови на семејството е одржана во замокот Миравал во Франција, а тука се и деталите кои сите сакаме да ги знаеме!
Тортата е домашна
Двојката навистина се погрижила за буџетот, па намсето да вработат слаткар кој би ја направил тортата, тие магијата ја препуштиле на своите деца. Нивното син Пакс и нековите пријатели уживале во нередот и печењето на тортата за големиот ден.
Гостите јаделе домашен рибен специјалитет
Не била само тортата домашно направена, па гостите можеле да уживаат и во домашно направена храна по церемонијата. На маса била послужена домашна шунка, сирење и свежо фатена риба.
Цртежите на нејзината венчаница
На венчаницата нејзините деца нацртале мечиња, зебри, зајчиња. Ајфеловата кула, авиони и по некој безобразен збор.
Децата ја организирале својата улога
Децата направиле вистински хаос кога дошло време да се организира големиот ден. Бред и Анџелина рекле дека децата ја одбрале својата гардероба и ги организирале своите обврски. „На пример, Нокс сака да се грижи за парите како и за носењето на прстените“, рекол парот.
Тајната за медениот месец
Анџелина (39) и Бред (50) сега одат на Малта за да го снимат својот заеднички филм после 10 години и тоа покрај море. Но, не е толку романтично колку што мислите. Двојката нагласила дека снима филм за пар кој е во несреќен брак. Чуден меден месец.
Интимнии моменти
Сите деца биле возбудени поради своите родители кои конечно се венчале. Шило и Нокс ги држеле прстените и нестрпливо чекале на својот ред.
Музика и свадба
Бред слатко ја потпевнувал „Here comes the bride” со децата и гостите кога Анџелина влегла во капелата и се упатила кон олтарот. Исто така, Анџелина ја следен традиционален свадбен марш.
Спомен на мајката на Анџелина
Секогаш размислуваат за семејството па така било и на нивниот ден. Бред имал врежан камен на местото каде треба да се врзе јазол. Каменот е во чест на мајката на Анџелина која почина од рак во 2007 година.