Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо се полеа со студена кофа вода и донираше за помош на болните од латерална амиотропска склероза 100 000 долари.Ѕвездата го изврши подвигот во Канада, каде што снима документарен филм на Дарен Аронофски за влијанието на емисиите на јаглерод на Земјата.
Актерот го номинира канадскиот премиер Стивен Харпер за следниот што ќе треба да зе полее во името на каузата.
– „Тука сум за да го прифатам предизвикот и среќен сум да ги донирам овие пари за таа цел”, вели Лео во видеото. Меѓу неговите колеги кои што се вклучија во иницијативата се Мет Дејмон, Бен Афлек, Џенифер Анистон и Гвинет Палтроу.