Веднаш ја добија тирулата најсекси познат пар, а тој сега призна дека одамна „фрлил око“ на неа!
За време на вечерата во Белата куќа, каде и се запознаа, Џо Манганело е фатен на дело како ја „мерка“ од глава до пети убавата Софија Вергара.
Призна дека тоа е вистина, но и нагласил дека тие двајца не ја започнале нивната врска додека Софија не раскинала со својот, сега веќе поранешен, вереник Ник Лоеб.
Две недели по вечерата во Белата куќа, Џо можел без гризење на совеста да ја заведе Софија. Тогаш веќе била слободна.
Тој објаснува дека таква прилика не се пропушта, но не сакал да направи проблеми во Белата куќа, бидејќи таму Софија била во придруѓба со тогашниот вереник, па Џо можел само од страна да ја гледа и воодушевува.
Сега повеќе нема причина да се бори околу Софија со оглед на тоа дека таа е целосно „затрескана“ во него. Постојано се заедно и уживаат, а последниве денови Софија му помага да се подготви за неговата нова улога во филмот „Magic Mike 2“ каде е згоден стриптизер.