Погледнете колку милиони заработила Кејт Мос за една година

Кејт Мос има заработено пет милиони фунти минатата година.

40-годишната моделка ја заработила оваа сума главно преку договори со модни и други брендови.

Бројките за фискалната година до 31 октомври 2013 година покажуваат дека таа е една од најплатените модели во светот.

Кејт потпишала договори со компании кои имаат средства во вредност од 16,7 милиони фунти .

„Во 2012 година двете компании беа оценети на 11,7 милиони фунти, но кон крајот на 2013 година богатството им се зголемило за речиси 17 милиони фунти”, открива запознаен извор за британскиот таблоид “Сан”. ”

„Ова покажува дека профитот  на Кејт не се намалува заедно со зголемувањето на нејзините години и дека таа продолжува да заработува големи суми од модни брендови кои многу сакаат да ја видат во својата облека “, додал изворот.

- Реклама -