Сите имаме стравови, но ова куче со својот страв успеа да го насмее светот.
Џулија Робертс гостуваше во „Tonight Show“ на Џими Фалон, кој што и прирдени мало изненадување.
Прочитај повеќе: Џулија Робертс откри што крие со години од очите на јавноста.
Џими и објасни на Џулија дека се работи за видео кое го пронашол на Интернет. Видеото прикажува куче кое панично се плаши од ликот на Џулија и кога сопственикот ќе му покаже нејзина слика, хаската веднаш бега.
Веселата Џулија се изнасмеа. Џими ја замоли да ја побара хаската која што сигурно го гледа шоуто и можеби да и стане пријател.