Ниту пијана, ниту расбушавена туку стегната и згодна!
Пејачката Бритни Спирс се пофали преку својата официјална Фејсбук страна со последните фотографии на кои изгледа како во времето на старата слава, гордо тврдејќи дека сликите не се ниту обработени во Фотошоп.
Во црни гаќички и розева кратка маица, Бритни позирала, но не можела да дочека фотографиите и „официјално“ да бидат објавени, па побрзала да ги објави на социланите мрежи.
Скормно додала дека напорно работела на своето тело, а ако се потсетиме на фотографиите на принцезата на поп-музиката кои во последниве години ја бомбардираа јавноста, ова е секако за пофалба.