Пејачката Фара Френклин, која за кратко беше дел од една од најпопуларните женски групи Destiny’s Child била уапсена, пренесоа американските медиуми.Според информациите, во моментов, таа била приведена „во хистерија и под влијание на многу дрога “.
Полицајците ја нашле да лежи во дворот на непознати луѓе, говорејќи дека ќе спие во шумата, бидејќи нема каде.
Ден откако била ослободена од притвор, Фара се обидела да се заштити преку социјалните мрежи. На Twitter таа споделила дека Господ им испраќа искушенија и на најсилните деца и дека секоја приказна има три страни.
На крајот, поранешната ѕвезда на Destiny’s Child ги повика своите фанови да го купат нејзиниот нов албум, кој наскоро излегува на пазарот.