Џејсм Франко и Сет Роген предизвикаа бес кај севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун поради својот нов филм „The Interview“.
Северна Кореја отиде толку далеку, што со пуштањето на тој филм во кината прогласи воена состојба.
Филмот во кината пристигнува на есен, а Франко и Роген глумат два таблоидни новинари кои доаѓаат во Пјонгјанг за да направат интервју си претседателот на Северна Кореја, но во приказната е вмешана и ЦИА која ангажирала новинари да го убијат претседателот.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја објави дека филмот е дело на „гангстерски филмови“, и дека никогаш не треба да биде прикажан.
„Снимањето на овој филм во кој се прикажува напад на нашиот најголем лидер е терористички чин и нема да го толерираме“, објавиле од Пјонгјанг.
А она што нас не чека е уште еден блокбастер кој доби невидена реклама неколку месеци пред да излезе во кината. Погледнете го трејлерот: