„Game of Thrones„- манијата ја зафати и кралица Елизабета, па не можеше да оддолее а да не го види Железниот престол од популарната серија.
Англиската кралица денеска ја посетила локацијата на снимање на „Игра на троновите“ во Белфаст, Ирска.
88-годишната кралица беше сликана и снимена за време на нејзината посета и воодушевувањето на Железниот престол. Таа носејќи жолт капут, шапка во иста боја и омилените удобни кондури се чини замислено дали да седне на овој престол.
За жал, кралицата воопшто не седнала на Железниот престол (веројатно знае што им се случува на луѓето што седат на него) – но тоа не значи дека Интернет не може да си замисли дека таа седнала.
Кралската двојка се сретнала и со неколку од ѕвездите на серијалот, меѓу кои и со авторите Дејвид Бениоф и Ден Вајс и глумците Лена Хиди (Серсеи Ланистер), Мејси Вилијамс (Арја Старк), Софи Тарнер (Санса Старк), Кит Харингтон (Џон Сноу) и Роуз Лесли (Игрит).
Се чини оваа посета многу ѝ се допаднала на кралицата.