Моделот Кејти Клири стана мега позната, откако се појавија фотографии на кои што флертува со атрактивниот Леонардо на забава во Кан.
Сепак, фотографиите предизвикаа огромна трагедија поради тоа што еден месец подоцна нејзиниот сопруг Ендрју Стерн(40) изврши самоубиство.
Неговите најблиски велат дека тој бил депресивен, поради тоа што се разведувал од својата сопруга, но имал и огромни финансиски проблеми. Според нив, врв биле фотографиите од дружењето на Кејти и Лео, на кои што нејзиниот сопруг воопшто не останал имун.
Животот на Ендрју завршил во неделата.