Откога ја прошета модната писта на ревијата на Дона Каран во Лондон, седумнаесет-годишниот Раферти Лоу, покрај доброто справување со улогата на модел, покажа колку тој личи на неговиот познат татко, актерот Џад Лоу.
Младиот Раферти, најстариот син од трите деца на познатиот британски актер Џад Лоу, одлучи да тргне по стапките на својот татко кон патот до славата, но со манекенство а не со глума. А модната ревија на Дона Каран е совршена можност за нешто такво.
Но, неговото манекенско деби не беше толку забележано, колку коментарите за неговата впечатлива сличност си својот татко. Навистина, Раферти изгледа речиси идентично како неговиот татко пред дваесет години. Дали и тој ќе биде заведувач и срцекршач како неговиот татко останува да видиме.
Актерот Џад Лоу покрај Раферти (17) има и две други деца, ќерката Ајрис (14) и синот Руди (12).