Американскиот претседател Барак Обама е апсолутно здрав, ако не се смета за болест лекувањето на дефицитот од витамин D и болките во десното стапало, што го принудува периодично да зема апчиња, се наведува во лекарски извештај, објавен на сајтот на Белата куќа. Според личниот лекар на претседателот Рони Л Џексон, 52-годишниот Обама не би требало да има никакви здравствени проблеми до крајот на неговиот мандат како шеф на државата во 2017 година.
Се забележува дека Обама одржува одлична физичка форма со тоа што води здрава и балансирана исхрана, ретко употребува алкохол и не пуши. Претседателот ги заменува цигарите со никотинско џвакање, поради кое што беше подложен на остри критики, откако за време на свечената церемонија во чест на 70-годишнината од Денот на сојузничките трупи во Нормандија, беше забележан како џвака.
Освен џвакање, Обама секојдневно конзумира витамин D за да го надоместите овој дефицит во организмот.