Џенифер Лопез сепак ќе настапи на отварањето на светското првенство во Бразил

По лавината негативни реакции, познатата дива се предомисли.
Џенифер Лопез пред неколку дена го откажа својот настап за отварањето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Screenshot_2

Но, откако се здоби со лавина на негативни реакции и критики, одлучи да го исполни ветувањето и да се појави на отварањето на фудбалското првенство кое ќе го следат околу три милијарди гледачи низ целиот свет, а неколку десетици илјади на самото место.

Причината за нејзината првична одлука биле финансиите, бидејќи Џеј Ло сакала да ѝ се покријат сите трошоци, не само оние за настапот и сместувањето, туку и за сите останати мали нешта кои ќе ги посака на патувањето.

Издавачката компанија ја советувала да се појави на отварањето, бидејќи тоа е светска сцена и би било глупаво да не го искористи тоа во позитивна цел“, рекол извор близок на пејачката.

Џеј Ло пред почетокот на натпреварот меѓу Бразил- Хрватска заедно со Питбул и Клаудија Леите ќе ја изведе официјалната песна на светското првенство „We Are One (Ole Ola)“.

Церемонијата на отварањето на Светското привенство ќе трае 25 минути и ќе настапат 600 уметници.

- Реклама -