Таа пристигна за нејзината моминска вечер изгледајќи апсолутно беспрекорно.
Но, се чини дека Ким Кардашиан не можеше да одолее на последната луда забавна ноќ, па подоцна беше видена во придружба на нејзините најдобри пријателки во малку поднапиена состојба.
Ким беше придружена од нејзините сестри Клои Кардашиан, Кендал и Кајли Џенер како и пријателките на познатата ѕвезда како Лала Антони, Битни Гастино и Рејчел Рој, за кои се вели дека биле испратени петнаесет шишиња шампајнско за нивното вечерно излегување.
За идната невеста била испратена пратка од Veuve Clicquot шампајнско во нејзината соба пред „бандата“ да искочи на вечера во Hotel Costes, вели изво за Us Weekly.
Ким спорели и фотогафија опкружена од своите девојки околу тркалезна маса, со порака: „Јас сум толку среќна! Ги имам најдобрите пријатели на целиот свет!#ParisNights #LastSupper.”
„Откога уживаа во „лесните порции“, групата девојки- минус нејзините сестри- влегоа во комбе и направија тура низ Трокадеро, Ајфеловата кула и други знаменитости низ Париз“, рекол изворот за списанието.