Памела Андерсон храбро проговори за приватниот живот, откривајќи шокантни случувања.Познатата „Плејбој“ зајачица и „Спасувачка на плажата“ како дете била злоставувана од дадилката, додека нејзиното прво момче ја присилило на групен секс.
Таа во текот на хуманитарна вечер, организирана во кан ги споделила своите искуства:
– Имав 12 години кога постариот брат на мојата пријателка ме силуваше. Беше 13 години постар од мене. Почна со масажа на грбот, а заврши со насилство – изјавила глумицата.
. Таа исто така откри дека дадилката ја злоставувала на шест години, а една година по првото брутално силување ја искористило и нејзиното поранешно момче.
– Собра шест свои пријатели и сите ме силуваа. Сакав да умрам од болка и од срам – рекла Памела и додала дека се надева, дека нејзиното искуство ќе им помогне и на другите, особено на младите во борбата против насилството.